Светиот и Велик Четврток

На 02.05.2024 година во Светиот и Велик Четврток- вечерта, во Соборниот храм Успение на Пресвета Богородица во Гостивар, беше отслужена Утрена богослужба со читање на Дванаесетте страдални Евангелија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Трпе Богојески,протоереј Александар Јанкоски, ереј Мартин Андоноски и ѓакон Славче Ѓорѓески. Во Великиот четврток навечер си споменуваме за страданијата Христови и ги читаме дванаесетте страдални Евангелија (во овој ден, според типикот на Православната Црква се пее утрената служба од Велики петок). Преку Евангелијата и пеењето на антифоните се потсетуваме на крсните маки и страдања Христови, а при пеењето на последниот антифон се изнесува Распетието Христово и се поставува насреде црква, а сите верни му приоѓаат и му се поклонуваат на Распнатиот.