Воскресение Христово 2024

05.05.2024 Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“- Тетово, по трикратниот опход околу храмот и по  објавата на најрадосната вест, беше отслужена света архиерејска литургија. Mногубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Пред почетокот на Литургијата, беше прочитано и Велигденското послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со архиереите на МПЦ-ОА.ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!