Томина недела

На 15.04.2018 година, Недела 2-ра на Воскресение (Томина), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовското намесништво протопрезвитер Марјанчо Мадевски и презвитер Александар Стојаноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата може да ја прочитате во целост тука...