13та ta_nedela_po_pedesetnica

На 03.09.2017 година, Недела 13 по Педесетница, Св. ап. Тадеј, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „ Св. Атанасиј“ – Брвеница, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Ивица Спасеноски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата се прочита и молитва за успешна и благословена учебна година на учениците кои присуствуваа на литургијата. Митрополитот г. Јосиф, со пригодна беседа - проповед се обрати до присутните верници особено до децата ученици кои се иднина на нашата Татковина и на нашата Света црква. Проповедта на Митрополитот Тетовско-гостиварски можете да ја прочитате тука ....