Бадник

На 06.01.2019 година, Бадник - Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово. По литургијата со благослов на Митрополитот младите дечиња-бадникарчиња тргнаа од Соборниот храм по улиците на Тетово пеејќи ја прекрасната песна Вечниот Бог. Истиот ден Митрополитот изврши благословување на бадниковото дрво и кумскиот леб во манастирот „Св.  Георгиј Победоносец“ - Мала Речица, и во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ каде што се одржа и традиционалниот Божиќен концерт раководен од маестро проф. д-р Ивица Зориќ. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА бр: 152, професорот д-р Ивица Зориќ е одликуван со Светиклиментов орден од III ред. Во име на САС на МПЦ-ОА, орденот го додели надлежниот Тетовско-гостиварски Mитрополит. Проповед на Митрополитот во манастир „Св. Георгиј Победоносец“ – М. Речица тука.... Говор на Митрополитот поповод доделување св. Климентов орден III ред тука...