Bечерна со Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово

На 06.01.2020 година, (Бадник), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше вечерна со Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата како и секоја година надлежниот Митрополит г. Јосиф, ги благослови децата бадникари кои тргнаа со поворка од Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ пеејќи ја песната Вечниот Бог. Истиот ден се благословија кумските лебови и бадникот во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица – Тетово.