Богојавление – Водици

На 19.01.2020 година, Богојавление – Водици, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата во Тетово и Гостивар беше извршени чин Богојавленски водосвет и Светиот Крст беше положен во осветените води.