Чествување на Свети Гаврил Лесновски во Лесновската обител

По повод празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Полјански г. Јаков, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. Содражајна и поучна беседа одража Епископот Полјански г. Јаков,

по што го благословија и пресекоа празничниот леб. На Светата Литургија, покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Заменик Министер за Локална самоуправа г. Дејан Павлески, Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Драган Атанасов, како и други јавни личности.