Cобор на Архангел Михаил во истоимениот храм во Виница

На 21.11.2021 на празникот собор на Архангел Михаил во истоимениот храм во Виница на покана на Митрополитот Брегалнички г.Иларион света литургија чиноначалствуваше митрополитот Европски г.Пимен во сослужение на митрополитот Брегалнички г.Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.Своја беседа изрече митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф говорејки за светиот Арх.Михаил и за останатите бестелесни сили.По литургијата беше благословен кумскиот леб и пченица.