Cредба со новоизбраниот гостиварски муфтија г Шабаудин Зендели

На ден 23. 07. 2021 во Гостиварското муфтиство на ИВЗ - Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф  оствари средба со новоизбраниот муфтија г Шабаудин Зендели. На средбата Митрополитот г. Јосиф му го честиташе именувањето на новоизбраниот муфтија и му посака успех во неговата работа. За време на состанокот  беше потенцирана континуираната одлична комуникација и соработка меѓу Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА и Гостиварското муфтивство при ИВЗ. Исто така во текот на средбата од двете страни беше нагласено продолжување на одржувањето на добри односи, како и продлабочување на меѓусебната посветеност и соработка со цел  зајакнување на меѓурелигискиот соживот во Гостивар и гостиварско.