Црковно-народниот собир по повод 15-годишнината од осветувањето на параклисот „Света Петка и света Недела“ во с. Рогачево

На 17. 08. 2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф, присуствуваше на црковно-народниот собир по повод 15-годишнината од осветувањето на параклисот „Света Петка и света Недела“ во с. Рогачево, при што го благослови славскиот колач и освети вода. На оваа свеченост, покрај градоначалникот на општина Јегуновце, г. Тони Коцески, присуствуваше и многуброен народ од Тетовскиот регион, како и многумина иселеници од македонската дијаспора во Детроит, САД.