Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово

06.05.2022 Во манастирот Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги благослови кумските лебови и изврши водосвет. Митрополитот во својата беседа меѓудругото нагласи:денеска кога го прославуваме светиот великомаченик Георги Победоносец, кој својата вера, својата надеж и својата припадност кон Христа ја запечатил и со сопствената крв, пострадувајќи за светата ни вера, нè учи како да се угледаме на него и како тој сите овие прописи и закони што ги бара од нас светата православна црква ги исполнувал, живеел и посведочил со својот сопствен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон него тој да биде наш молитвеник, за да ни ја закрепи и умножи љубовта кон Господа, но и кон нашите блиски и познати, за да можеме да го сведочиме Христа на секое место каде што се движиме и работиме. По молитвите на свети Георги, Господ нека ни ги услиши молитвите и ни подари сè што е спасоносно за нашите души и вечен живот.