Девета недела по Педесетница

На 14.08.2022 година, во деветата недела по Педесетница , во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Гостивар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.Своја беседа за почеток на Богородичниот пост и за денешното прочитано евангелие изрече митрополитот г.Јосиф.Верниот народ се причести со светите тајни.