Источен Петок-Балаклија

На ден 24.04.2020, кога Светата Црква го чествува празникот  Источен Петок-Балаклија, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво во храмот "Пресвета Богородица" во Гостивар отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, Митрополитот произнесе беседа. По Литургијата, спред традицијата беше извршен Мал водосвет. Беседата можете да ја прочитате тука.