Прием во резиденцијата на францускиот амбасадор г. Кристијан Тимоние

28.06.2019 Митроплитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф на покана на Францускиот амбасадор во Француската резиденција присуствуваше на коктел на кој францускиот амбасадор г. Кристијан Тимоние им се заблагодари на сите кои хумано и несебично донираа средства за обнова на Богородичната црква во Париз. По тој повод беше и промовирано ново издание на книгата Богородичната црква во Париз од Виктор Иго, а средствата беа донирани за Нотр-Дам и за црквата св. Горѓи с. Курбиново. Весникот Нова Македонија исто така учествуваше со своја донација.