Литургија на Претходно осветени дарови

На 04.03.2020 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше литургија на Претходно осветени дарови во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското-архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.