Недела на Православие

На 17.03.2019 година, Недела на Православие, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.