Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите

На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалничлки г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков. 

На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 


превземено од : http://koe.mk/недела-на-самарјанката-канонизација/