Петокот од Светлата седмица – Источен Петок (Балаклија)

На 07. 05. 2021 година, во Петокот од Светлата седмица – Источен Петок (Балаклија), кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, во храмот Пресвета Богородица-Тетово митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија.На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет и беа благословени кумските лебови..