Петокот од Светлата седмица – Источен Петок (Балаклија)

На 29. 04. 2022 година, во Петокот од Светлата седмица – Источен Петок (Балаклија), кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја,Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија во храмот Пресвета Богородица-Тетово.Верниот народ се причести со светите тајни.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓу другото рече:Пребивајќи сеуште во светлината на празникот на Христовото Воскресение, кога торжественото празнување на сесветлиот настан од нашата свештена историја ги исполнува нашите срца со неискажлив мир, еве, денес, празнуваме уште еден прекрасен споменден од безбројните празници, кои во својата богата ризница ги чува нашата Православна Црква.Денеска, нашата света Црква го прославува и споменот на еден извор, каде што Бог, преку Неговата света мајка пројавил чудо за излекување на еден слепороден, а потоа истиот во знак на благодарност, над тој извор, во Цариград, ќе подигне и храм, посветен токму на Источен петок, односно на денешниот ден. Овој свет извор и денес постои во Цариград и се нарекува Балаклија. Во моментов е православен женски манастир и многу верници, од најразлични земји, доаѓаат да се напијат и да се измијат од него, добивајќи исцеление на нивните души и тела.Како оваа света вода која денес ја осветивме овде во храмот прес.Богородица-Тетово, така и сите останати свети тајни и молитвословија, делуваат само кај луѓето коишто искрено веруваат во силата Божја и очекуваат да им биде од помош. Па и ние, да се обратиме со искрена молитва кон Бога и кон мајката Божја, да ги слушнат нашите молби и прозби и истите да ги исполнат.ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ.