Празникот Преподобен Наум Охридски

На 05.01.2021 година, на Празникот Преподобен Наум Охридски Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со свештениците од Тетовско-гостиварското архиерејско намесништво богослужеше света Божествена Литургија. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата беа благсловени славските лебови.