Преп. Наум Охридски

На 05.01.2020 година, кога црквата го слави Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот „Св, Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво и Бигорскиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата пееше хорот „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ. По литургијата беа благословени кумските лебови.