Преп. Сисој Велики

На 19.07.2018 година, На денот посветен на, Преп. Сисој Велики, кој во Тетовскиот крај посебно се почитува овој светител, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени празничните кумски лебови и панагии.

На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата можете во целост да ја прочитате тука.....