Прием во Лешочкиот манастир

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими д-р Билал Касами градоначалник на општина Тетово. Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Тетово г.Бесар Дурмиши упатија честитка до митрополитот и до сите христијани за големиот верски празник Божиќ. На приемот присуствуваше и кординаторот на советничка група на ОК Вмро-Дпмне -Тетово г. Ангел Карапртров.