Промоцијата на Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на Македонски јазик и Веб-страната

На 05.07.2018 година, во просториите на Македонската опера и балет, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со директорот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи г Даријан Сотировски и со Митрополитот Европски г. Пимен, на покана на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија г. Никола Шалваринов присуствуваа на промоцијата на Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на Македонски јазик и Веб-страната како нови проекти на Агенцијата.