Споменот на преподобниот и богоносен отец наш Бенедикт Нурсиски

На 26-27 март 2019 г., навечерие на споменот на преподобниот и богоносен отец наш Бенедикт Нурсиски, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Високопреосвештениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф претстоеше на Големото повечерие во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Манастирец, Поречко, во чест на именденот на настојателот отец Бенедикт.
Следниот ден, митрополитот г. Јосиф, во сослужение со браќата од Свештената бигорска обител, отслужи света Литургија на Претходноосветените Дарови. Во продолжение, митрополитот г. Тимотеј го  благослови славскиот леб и ги изрази своите честитки и добри желби на настојателот отец Бенедикт, давајќи му го својот архиерејски благослов.