Средба со градоначалничката на Општина Тетово г-ѓа Теута Арифи

На 10.01.2019 година, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во својот кабинет во Тетовско-гостиварската епархија ја прими градоначалничката на Општина Тетово г-ѓа Теута Арифи. Почитуваната градоначалничка во оваа пригода ги честиташе на Митрополитот и православните верници Божикните и другите престојни празници. На средбата градоначалничката го информира Митрополитот дека градската капела за православните верници е целосно завршена, и набрзо ќе биде во употреба.