Средба со д.р Исмаил Ваити директор на Ј.З.У Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок

Митриполитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф оствари средба со д.р Исмаил Ваити директор на Ј.З.У Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок и во име на Тетовско-гостиварската епархија помогна со средсва за дезинфекција, заштитни маски и ракавици за медицинскиот персонал. Митрополитот заблагодари на докторите, медицинскиот и техничкиот персонал на болницата за сета хуманост и пожртвуваност и љубов на сите нив како и на сите медицински лица од Тетово за грижата која ја даваат на сите пациенти во ова исклучитело тешко време на светската пандемија.