Св. Атанасиј Велики

На 31.01.2019 година, Св. Атанасиј Велики, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Атанасиј“ – с. Брвеница. По литургијата во с. Брвеница и с. Седларце, Митрополитот г. Јосиф, изврши благословување на кумските лебови. Црковните одбори по повод храмовата слава за сите присутни приредија трпеза на љубовта. На прославата по повод храмовата слава присуствуваше и градоначалникот на Општина Брвеница г. Енвер Пајазити. На литургијата беседеше митрополитот г. Јосиф, беседата може да ја прочитате тука...