Свето Благовештение

На празникот Благовештение на овој за сите нас радосен ден, на 07.04.2021 во Лешочкиот манастир беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварскиг.Јосиф. На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.По завршувањето на Литургијата, Митрополитот г.Јосиф се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа и беше благословен кумскиот леб.