Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела

На 04.04.2021 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во соборниот храм прес.Богородица-Гостивар беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. Пред почетокот на Литургијата, според типикот на православната Црква, беше изнесен светиот Крст, како поткрепа и потсетување на страдањата на нашиот Спасител.