Вечерта на Велики Петок

На 26.04.2019 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Утрена и беа отпеани Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО - ПОГРЕБЕНИЕ, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.