Во посета на Тетовско-гостиварската епархија

На 29.06.2019 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во својот кабинет ги прими проф. д-р Франсоа Боесфлуг од  Теолошки факултет во Стразбур кој предава компаративна историја на религиите и истражувач на фрескоживописи поврзани со распјатијата Христови од 6 век до денес и проф. д-р Емануела Фољадини, професор по историја, теологија и православна византиска уметност на Миланскиот  универзитет.