Одбележан споменот на Преподобна Параскева Петка - Петковден




На 27.10.2015 година, кога црквата го празнува споменот на Преподобна Параскева Петка - Петковден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Петка“ во Гостивар. По литургијата Митрополитот освети вода и го благослови кумскиот леб.