На 06.09.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Боге Богојески и ѓакон Мартин Андоноски богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Света Богородица“ – Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.