На 20.09.2015 година, кога светата црква го празнува споменот на Светиот маченик Созонт; Светите апостоли Евод и Онисифор; Светиот маченик Евпсихиј; Свети Јован, архиепископ Новгородски; Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф,  отслужи света Божествена литургија во  храмот „Пресвета Богородица“ во с. Лешок - Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.