На 21.09.2015 година, кога светата Црква Божја го празнува споменот на Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света божествена архиерејска литургија во старата манастирска црква посветена на „Успението на Пресвета Богородица“ во Лешочкиот манастир. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургија беа благословени славските лебови.