На 27.09.2015 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.