Недела на сите Македонски Светии




На 04.10.2015 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот Охридски  и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф  и Јосиф. На семакедонскиот собор присуствуваа верници од сите краеви на татковината. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.