На 13.10.2015 година,  кога светата црква го празнува споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи; Свети Михаил, прв митрополит Киевски;Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, изврши Света Тајна крштение над новороденчето Дамјан Симјановски од Тетово.