Литургија на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село




На 14. 10. 2015 година, Покров на Пресвета Богородица, св. Јован Кукузел, св. ап. Ананиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф и Надлежениот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Покров на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, осветен пред пет месеци и е ктиторско дело на г. Сашо Миладинов со неговото семејство, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од брегалничката и тетовско – гостиварската епархија.
На светата литургија, Митрополитот г. Јосиф, произнесе пригодна беседа. По ова Митрополитот г. Јосиф и Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Митрополтот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф за отслужената света архиерејска литургија. На светата литургија присуствуваше многуброен народ. По ова Митрополитите ги посетија храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село и Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.

 

Преземено од http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/