На 21.11.2015 година, кога Црквата го слави соборот на свети Архангел Михаил, Неговото високопреосвештенство, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во Лешочкиот манастир. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата надлежниот митрополит во храмот „Св. Архангел Михаил“ во с. Јегуновце, ги благослови кумските лебови.