Прослава на свети Климент во Македонската православна богословија




Овогодинешното прославување на денот на светиот Климент Охридски започна со Вечерна богослужба во црквата посветена на Светото Вознесение во с. Драчево. На богослужението чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион , а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Чествувањето продолжи со свечена академија во средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“, каде свечено слово одржа професорот м-р Момчило Павловиќ. Потоа богословскиот хор, диригиран од професорот Игор Величковски одржа мини концерт, и беа доделени наградите за најдобри научни трудови и поетски творби на богословите.