Одбележување на патрониот празник на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“




На 07.12.2015 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое нагласи дека не случајно по свети Климента е именуван и овој Богословски факултет, нашата највисока црковно-просветна институција, затоа што е наследник на славниот светиклиментов универзитет, чија главна задача беше да ги воспита, подготви и оспособи за пастирска дејност потребните свештенослужители на Христовата Црква на овие простори.
На свеченоста беа присутни и митрополитите г. Петар преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски и г. Јосиф Тетовско - гостиварски, деканот на факултетот д-р Ацо Гиревски заедно со професорите и студентите, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак како и останати гости. Во оваа пригода им беа доделени дипломи на новодипломираните студенти и нови индекси на постдипломците. На радост на студентите и професорите беше претставено возобновеното студентското списание ПРАВОСЛАВЕН БЛАГОВЕСНИК.

превземено: spe.org.mk