Вечерна и свечена академија на денот на прославувањето на св. Климент Охридски




На 07 декември во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Празнична вечерна богослужба на која во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар. По соборната молитва, во Музејот на македонската борба се одржа свечена академија на која во присуство на: Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-Гостиварски г- Јосиф, на Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј“ г. Владимир Стојковски, како и на бројни професори, јереи, членови на дипломатскиот хор и дејатели на културниот и политичкиот живот, слово произнесоа деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“) г-ѓа Славица Велева, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски.

превземено од : spe.org.mk