На 09.12.2015 година, со благослов на Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи архиерејска божествена литургија во храмот „Св. Георгиј“ - н. Чаир, во сослужение на свештеници од Скопската епархија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.