Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во манастирот посветен на овие светители во Струмица, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
prevzemeno od http://www.mpc.org.mk/