На 25. 12. 2015 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници и еромонаси од Брегалничката епархија, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф одража пригодно слово и заедно со Митрополтот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.