Бадник 2016 лето Господово




На 06.01.2016 година,- Бадник, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, „Св. Георгиј Победоносец“ во Мала Речица, „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во присуство на многуброен народ ги освети бадниковите гранчиња. Истиот ден во предвечерието на празникот Рождество Христово, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Духовна академија, на женскиот хор „Менада“ предводени од маестро Ивица Зориќ.