На 07.01.2016 година,  - Божиќ,  Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „ Пресвета Богородица“ во Гостивар. На литургијата во протоерејски чин беше произведен ереј Трпе Богојески. Верниот и многуброен народ кој во текот на постот се подготвуваше со пост, воздржување и исповед  се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!